Едно лице загина, а четворица се ранети во напад со катана во Шпанија

од Vladimir Zorba

Едно лице загина денеска, а четворица се повредени откако маж со катана (самурајски меч) упадна во црква во градот Алхерцирас во регионот Кадиз во Шпанија.

Убиен е црковен работник, додека парохискиот свештеник на капелата Сан Исидро е тешко повреден, пренесе „Мундо“.

Националната полиција на Шпанија соопшти дека осомничениот за нападот е уапсен. Засега не се познати мотивите за нападот.

Според весникот, маж со мароканско потекло влегол вооружен во капелата Сан Исидро, која се наоѓа во една од најпопуларните населби во градот и по расправија почнал да мавта со катана.

После тоа, отишол во главниот храм во градот, црквата Нуестра Сењора де ла Палма, каде што убил црковен работник. Од полицијата наведуваат дека не е исклучено во нападот да се повредени уште неколку лица.

Во меѓувреме, како што е соопштено, полицијата го опколила градскиот плоштад Плаза Алта, централната точка на општината Алгесирас каде се случил нападот.

Слични содржини