Егзотични палачинки со кокос готови за половина час

од desk2

Рецепт кој ќе го правите постојано…

СОСТОЈКИ:
4 јајца
330 гр рикота сирење
2 лажици шеќер
кора и сок од лимета
70 гр брашно
25 гр кокосово брашно
2 лажици путер
1/4 лажичка сол
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Измешајте жолчки, сирење, кокосово брашно, шеќер и сок, кора од една лимета. Додајте брашно и измешајте.
Белките посолете ги и разматете цврст шлаг. Со шпатула измешајте ги белките во смесата со жолчки и сирење.
Загрејте малку путер на тава, ставете тесто и печете мали палачинки по 2-3 минути од секоја страна.
Добар апетит!

Слични содржини