ЕК: Нова европска помош за Сирија и Турција

од Stefanija Kuzmanovska

Во рамките на хуманитарниот воздушен мост на ЕУ за Сирија, денеска во Дамаск слетаа два авиона со итна помош, со цел да се обезбеди дополнителна поддршка на сирискиот народ погоден од земјотресот, соопшти Европската комисија.

Авионите носат помош како зимски шатори, опрема за засолништа и греалки.

„Ова се први такви летови кои слетаа во Дамаск, но се дел од серијата летови кои носат помош од сопствените хуманитарни резерви на ЕУ во Бриндизи и Дубаи до сирискиот народ во областите контролирани од владата и областите кои не ги контролира владата, преку Европскиот капацитет за хуманитарен одговор. ЕУ ќе испорача 420 тони помош за Сирија, од кои 225 тони од сопствените хуманитарни резерви во вредност од 1,1 милион евра“, соопшти ЕК.

Слични содржини