ЕК предложи петти пакет санкции против Русија

од Vladimir Zorba

Европската комисија во вторникот предложи петти пакет санкции против Русија, кој вклучува забрана за увоз на јаглен, забрана за сите трансакции за четири клучни руски банки, забрана за приклучување руски бродови во европските пристаништа и најави работа на дополнителни санкции, вклучувајќи забрана за увоз на нафта.

Досегашните четири пакети санкции наметнати од Европската унија „силно ги погодија и ги ограничија политичките и економските можности на Кремљ и гледаме опипливи резултати“, изјави претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен.

Сепак, тоа не е доволно со оглед на развојот на настаните и ужасната слика за масакрот од Буча и други места во Украина.

„Треба да го засилиме нашиот притисок и денес предлагаме нови, построги и пошироки санкции за да ја погодат руската економија уште подлабоко“, рече фон дер Лејен.

Слични содржини