ЕК: Целта е 70 отсто од возрасните граѓани во ЕУ да бидат вакцинирани до крајот на летото

од Stefanija Kuzmanovska

Европската комисија (ЕК) денес објави дека целта е да се вакцинираат 70 отсто од возрасните граѓани во ЕУ до крајот на летото и дека очекува бројот на вакцини доставени до земјите-членки да достигне 107 милиони дози до крајот на оваа недела.

Според официјалните податоци на Европската комисија, досега се испорачани 88 милиони дози до членките на ЕУ, од кои 62 милиони се искористени за вакцинација.

Европската комисија претходно објави дека досега нарачала 2,6 милијарди дози вакцини против КОВИД-19, како и дека во тек се преговори за дополнителни дози.

„Испораките со вакцини во земјите на ЕУ континуирано се зголемуваат, а вакцинацијата се забрзува. Комисијата работи и со индустријата за зголемување на производствениот капацитет на вакцини, истовремено започнувајќи работи на справување со новите варијанти, со цел брз развој и производство на ефективни вакцини против овие варијанти“, посочува Европската комисија.

Слични содржини