ЕКСПЕРТИТЕ НА СЗО ПРИСТИГНАА ВО ВУХАН: Ќе го испитаат потеклото на корона и ќе поминат 2 недели во карантин

од Nikola Popovski

Тим експерти од Светската здравствена организација пристигнаа денес во кинескиот град Вухан, од каде се верува дека потекнува коронавирусот на крајот на 2019 година, со цел да се испита потеклото на пандемијата, објави денеска кинеската државна телевизија.

Тимот ќе помине околу еден месец во тој град, вклучително и две недели во карантин.

Петр Бен Ембарек, водечки експерт на СЗО за животински болести кои се шират и на други видови, води тим од 10 независни експерти.

Виетнамскиот биолог Хунг Нгуен, кој е дел од тимот, за Ројтерс изјави дека не очекува ограничувања на работата на групата во Кина.

По завршувањето на карантинот, тимот ќе помине две недели испитувајќи луѓе од истражувачки институти, болници и пазари на морски плодови во Вухан, каде се верува дека се појави нов патоген, додаде Хунг.

Кина забележа најголем број нови инфекции од март досега.

Кина забележа најголем скок на бројот на пациенти во претходните десет месеци, бидејќи бројот на заразени со коронавирус во североисточната провинција Хејлонгџијанг е скоро тројно зголемен во споредба со минатата недела, што предизвика страв кај здравствените работници пред големиот празник, кинеската Нова година на 12 февруари.

Националната здравствена комисија објави дека денес се регистрирани 138 нови случаи на коронавирус, во споредба со средата, кога имало 115, а тоа е најголемиот скок од 5 март, објави Ројтерс.

Едно лице почина, прв смртен случај во најнаселената земја во светот од средината на мај.

Слични содржини