Ердоган со силни критики кон Бајден за поддршката на Израел: „Рацете му се крвави!“

од Stefanija Kuzmanovska

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека американскиот претседател Џо Бајден има „крвави раце“ поради неговата поддршка за Израел во конфликтот што беснее во појасот Газа.

Таа изјава на турскиот лидер е еден од неговите најсилни напади врз Бајден откако дојде во Белата куќа во јануари.

Во текот на изминатите неколку месеци, Ердоган се обидуваше да ги подобри односите со Вашингтон и да се доближи до другите западни сојузници по една година остри недоразбирања.

Сепак, тој го критикуваше Бајден директно во живо во телевизиско обраќање денес.

„Вие ја пишувате историјата со вашите крвави раце. Вие не принудивте да го кажеме тоа затоа што не можеме повеќе да молчиме“, рече Ердоган обраќајќи му се на американскиот претседател

Ердоган доби поддршка ширум Блиски исток, гласно поддржувајќи ја палестинската цел за време на неговите 18 години на власт.

Тој минатата недела го обвини Израел за тероризам и вети дека ќе го обедини светот за одбрана на Газа.

„Денес го гледаме потписот на Бајден за продажба на оружје на Израел“, рече Ердоган, алудирајќи на извештаите на американските медиуми за нова пратка со оружје одобрена од администрацијата на Бајден.

„Палестинските територии се преплавени со прогонства, страдања и крв, како и многу други територии кои го изгубија мирот со крајот на Османлиите. И вие го поддржувате тоа“, рече турскиот претседател.

Слични содржини