Ердоган: Турција нема капацитет да прифати нов бран мигранти

од Nikola Popovski

Турција нема капацитет да прифати нов можен бран мигранти од Авганистан, изјави денеска претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Тој во телефонски разговор со неговиот германски колега Франк-Валтер Штајнмаер реkolдека Германија и другите земји од Европската унија треба да им помогнат на соседите на Авганистан, бидејќи „тие го носат товарот на авганистанската миграција“.

Турција во моментов е земја со најмногу прифатени мигранти, вклучувајќи 3,7 милиони Сиријци. Властите во земјата се загрижени за можен нов прилив на мигранти кои бегаат од Авганистан од талибанците.

Во Турција, нетолеранцијата на населението кон мигрантите расте затоа што земјата се наоѓа во тешка економска ситуација, која се влоши за време на епидемијата на корона вирусот, вклучително и високата стапка на невработеност.

„Претседателот Ердоган подвлече дека Турција нема капацитет да го носи товарот на новата миграција“, се вели во соопштението од неговиот кабинет.

Ердоган додаде дека никој не сака да се повтори сценарио слично како во 2015 година, кога стотици илјади бегалци избегаа од војната во Сирија во западните земји преку Турција.

Во 2016 година, ЕУ и Турција потпишаа договор според кој Турција е должна да ги задржи мигрантите и да ги спречи да преминат во Западна Европа, а за возврат, на турските граѓани им беше дадена можност за безвизно патување и значителна финансиска поддршка од Унијата.

Слични содржини