Ердоган во предност на претседателските избори во Турција

од Stefanija Kuzmanovska

Турција оди во вториот круг од претседателските избори бидејќи резултатите врз основа на 98,55 отсто од преброените гласови во првиот круг одржан вчера покажуваат дека актуелниот претседател Реџеп Тајип Ердоган освоил 49,39 отсто од гласовите, а неговиот главен ривал Кемал Киличдароглу 45 отсто, јави агенцијата „Анадолија“.

Ниту Ердоган, кандидатот на Партијата на правдата и развојот (АКП), ниту Киличдароглу, кандидатот на опозициската Републиканска народна партија (ЦХП) не успеаја да освојат повеќе од 50 отсто од гласовите потребни за победа во првиот круг и ќе мораат да си ги одмерат силите во вториот круг кој ќе се одржи на 28 мај, пренесува „Ројтерс“.

Претседателските избори ќе одлучат не само кој ќе ја води Турција во следните пет години и дали земјата ќе се врати на посекуларен, демократски пат, туку и како Турција ќе се справи со тешката економска криза и зголемените трошоци за живот и како официјална Анкара дополнително ќе гради клучни политички односи со Русија, земјите од Блискиот Исток и Западот.

Слични содржини