Ештон Качер го откажал летот во вселената поради Мила Кунис

од Stefanija Kuzmanovska

Холивудскиот актер Ештон Качер одлучил да се откаже од намерата да лета во вселената на инсистирање на неговата сопруга Мила Кунис.

Како што раскажал актерот, тоа го сторил наговорен од неговата сопруга, иако веќе имал купена карта за патување низ универзумот.

„Кога се оженив и добив деца, сопругата истакна дека можеби не е паметна одлука да заминам во вселената кога имаме мали деца, па на крајот го вратив веќе купениот билет на Вирџин Галакси“, призна Качер.

„Вирџин Галакси“ планира да изврши само уште еден пробен лет пред да започне со комерцијални летови. Досега повеќе од 600 луѓе резервирале билети по цена од 200.000 до 250.000 долари. Компанијата се очекува наскоро повторно да ја отвори продажбата на билети, но по повисока цена.

„Требаше да бидам на следниот лет, но сепак нема да бидам“, откри Качер за странските медиуми.

Слични содржини