Ештон Качер заработи панкреатитис следејќи ја ригорозната диета на Стив Џобс

од Vladimir Zorba

МИЛА КУНИС откри дека нејзиниот сопруг Ештон Качер два пати бил хоспитализиран поради панкреатитис (воспаление на панкреасот), во периодот на подготовка за улогата на Стив Џобс во биографскиот филм од 2013 година.

За време на нејзиното појавување во шоуто Hot Ones, Кунис му потврди на водителот Шон Еванс дека Качер се обидел да ја следи ексцентричната диета на Џобс.

„Беше толку глупав. Едно време јадеше само грозје, беше толку глупаво“, рече Кунис. „Двапати заврши во болница со панкреатитис“.

Џобс, ко-основачот на Apple кој почина од компликации поврзани со рак на панкреасот во 2013 година, беше неверојатно строг во врска со својата исхрана. Технолошкиот визионер првенствено консумирал храна од растително потекло, според неговиот биограф, и често јадел исто овошје или зеленчук со недели. Дури и откако му бил дијагностициран рак, Џобс продолжи да ја следи оваа екстремна диета.

Качер го играше коосновачот на Apple во филмот Џобс од 2013 година и разговараше за замките на исхраната на Џобс по прикажувањето на филмот на филмскиот фестивал Санденс.

„Пред сè, исхраната со овошје може да доведе до сериозни проблеми“, рече Качер, цитиран од USA Today. „Бев во болница два дена пред да започнеме со снимање. Се превртував од болки. Нивото на хормонот на панкреасот беше целосно нарушено. Беше навистина страшно“, додал тој.

Качер и Кунис се венчаа во 2015 година. Парот има две деца, ќерката Вајат Изабел, родена во 2014 година и синот Димитри Портвуд, роден во 2016 година, пишува Инсајдер.

Слични содржини