ЕУ е подготвена да обучува околу 15.000 украински војници

од Nikola Popovski

Земјите-членки на Европската унија се согласиле што поскоро да организираат обука за околу 15.000 украински војници, објави денеска германскиот магазин Шпигел.

Во извештајот се наведува дека во првата верзија на законот е предвидено Полска да добие средства од ЕУ за формирање на штаб за обука, додека центрите за обука би биле отворени на некои други локации, но за последните детали ќе се преговара следната недела во Брисел.

Германија планира да понуди центар за симулација на борба за обука на украински инженери, медицински персонал и други специјализирани гранки на војската, пренесува Шпигел.

Германскиот канцелар Олаф Шолц во август објави дека Берлин ќе обучува украински војници, додека Данска потврди дека ќе поддржи проект за обука на 130 војници предводен од Британија.

Германското Министерство за одбрана не било достапно за коментар за извештајот на Шпигел.

Слични содржини