ЕУ Обсервер: Бугарија „носи багаж“ на масата на Европската Унија

Во врска со ветото на Бугарија кон официјалниот старт на преговорите на Северна Македонија со ЕУ, денес свој напис имаше и брисалскиот веб сајт „Еу Обсервер“, кој говори дека „Бугарија носи багаж на масата на ЕУ“.

„Требаше да биде технички, но се претвори во ново фијаско на процесот на проширување на ЕУ кон Западен Балкан, вмешувајќи ги во тоа Хитлер, Сталин и Тито. Денешните разговори ќе се соочат со ново бугарско вето, што го базираат, како што кажа еден висок ЕУ дипломат, врз овој „историски багаж“, пишува „ЕУ Обсервер“.

Со овој напис се потенцира уште еднаш дека под германско претседателство, денес советот на 27. министри за надворешни работи на ЕУ требаше да даде потврден одговор за почеток на преговорите со Северна Македонија.

„Тоа требаше да се случи по долгото одложување поради грчкото вето кое заврши во 2018 година, кога Скопје го смени името на својата земја за да ја задоволи Атина. Тоа требаше да се случи по француското вето во 2019 година, кога земјите од ЕУ го сменија начинот на проширување за да го задоволат Париз. Наместо тоа, ќе има ново бугарско вето базирано на историски багаж“, пишува „ЕУ Обсервер“.

Слични содржини