Велика Британија е подготвена да предложи на обединет Кипар големи делови од територијата на своите бази на островот ако биде постигната мировна зделка.

Image_4877750_407

Ова го изјави министерот за надворешни работи на земјата Филип Хамонд по состанокот со својот кипарски колега Јоанис Касулидис во Никозија.

“Изјавуваме јасно дека во контекст на договорот Велика Британија е подготвена да обезбеди значителен дел од територијата со бази на островот на Република Кипар”, изјави Хамонд, цитиран од турскиот весник “Хуриет”.

Велика Британија поседува две стратешки важни бази на островот, чија територија е суверена од независноста во 60-тите години наваму. Од една од овие бази – Акротири, Лондон ги оствари и некои од мисиите против групата “Исламска држава” во 2014 година

“Овој предлог останува во сила и ние се надеваме дека ќе донесе економски придобивки за постигнувањето на договор и ќе помогне за стимулирање на економскиот раст на Кипар во иднина”, додаде тој.

Како дел од мировниот договор меѓу двата дела на островот од 2004 година Лондон предложи околу 50% од својата територија со бази, кои не се користат со воени цели, но кипарските Грци го отфрлија предлогот за решавање на конфликтот на референдум.

Од Лондон потврдија дека предлогот се уште е во сила, ако биде постигнат договор сега.

Во четвртокот во официјална посета на Никозија пристигна и претседателот на Европскиот парламент, Жан-Клод Јункер. Тој рече дека сега е најпогоден момент за постигнување на мирен договор меѓу двете страни на островот.

“ЕУ го следи овој процес секој ден и ако се реализира, парите ќе бидат тука. Не ви ветувам средства, едноставно ви ја опишувам иднината на оваа голема држава”, рече претседателот во своето обраќање пред кипарскиот парламент.

Лидерите на двата дела на островот – на турската Мустафа Акинчи и на грчката Никос Анастасијадис, ги обновија мировните преговори меѓу себе, според Јункер тоа е клучен момент во историјата на Кипар.

“Тоа се единствените мажи, кои се способни да го направат сега она што требаше да биде направено во минатото. Не верувајте на тоа дека оние кои доаѓаат по нашата генерација ќе се способни за тоа”, дополни тој.

Слични содржини