Еврокомесарка: Се соочуваме со зголемен ризик од терористички напади

од Stefanija Kuzmanovska

Европската унија во моментов се соочува со зголемен ризик од тероризам поради војната во Газа, изјави денеска комесарката на Европската комисија за внатрешни работи Илва Јохансон.

„Со војната меѓу Израел и Хамас и поларизацијата што ја предизвикува во нашето општество, со претстојната празнична сезона, постои огромен ризик од терористички напади во Европската унија“, рече еврокомесарката пред состанокот на министрите за внатрешни работи на ЕУ во Брисел.

Во саботата во Париз беше убиен германски турист

Јохансон се осврна на нападот со нож во Париз во саботата во кој беше убиен еден германски турист, а двајца други беа повредени, како и претходните напади. Комесарката најави дека „ќе стави на располагање дополнителни 30 милиони евра за заштита на, на пример, свети објекти“.

Министрите на ЕУ треба да разговараат за безбедноста во блокот во светло на војните на Блискиот Исток и Украина. На дневен ред се и дебатата за Шенген зоната и напредокот во реформите на политиката за азил и миграција.

Слични содржини