Европската комисија ја тужи Унгарија поради ЛГБТ закон

од Nikola Popovski

Денеска Европската комисија одлучи да ја тужи Унгарија пред Европскиот суд на правдата поради законот кој, како што оценија во Брисел, ги дискриминира луѓето врз основа на нивната сексуална ориентација и определување идентитет и пол.

Европската комисија оценува дека овој закон ги крши правилата на единствениот пазар на ЕУ, законите за заштита на основните права на поединците, како и вредностите на ЕУ.

„Унгарскиот закон ги таргетира содржините што промовираат промена на полот или хомосексуалноста на лица помлади од 18 години. ЕК одлучи овој случај да го изнесе пред суд бидејќи унгарските власти не одговорија задоволително на барањето на Брисел да се поправи оваа ситуација“, велат од Комисијата, пренесува Танјуг.

Унгарскиот премиер Виктор Орбан во неколку наврати одговараше на прашања од медиумите за овој закон во Брисел, наведувајќи дека станува збор за правила кои „ги штитат децата и нивните родители“.

Во Брисел забележуваат дека веќе имало „сличен случај“ со Унгарија, дека тогаш се работело за одрекување од одговорност, што го исправил унгарскиот суд пред да биде покрената прекршочната постапка.

Слични содржини