Европската унија бара понатамошна истрага за потеклото на коронавирусот

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен и претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел тргнаа во четвртокот да го испитаат потеклото на коронавирусот за да ја дознаат вистината за почетокот на пандемијата.

– Светот мора да знае што се случи за да извлече поуки. Ќе ги поддржиме сите напори да обезбедиме транспарентност и да ја откриеме вистината – рече Мишел на прес-конференцијата.

Истото мислење го има и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен.

„Треба да знаеме од каде потекнува оваа страшна глобална пандемија“, рече фон дер Лејан на заедничката прес-конференција.

Таа, исто така, привлече внимание на важноста на научената лекција од глобалната финансиска криза во 2008 година.

– Имајќи предвид дека ЕУ добро ја анализираше таа криза и разви соодветни алатки, би можеле побрзо да реагираме во сегашната здравствена криза. Сега треба да го сториме истото и да осигураме дека таквата криза никогаш повеќе нема да се повтори – рече претседателот на Комисијата.

Како што рече Германката, сега е клучно да им се даде на истражителите целосен пристап до сите информации важни за да се утврди потеклото на пандемијата.

Слични содржини