Европскиот парламент сака последен да се произнесе за договорот за Брегзит

од Vladimir Zorba
Мнозинството во Европскиот парламент инсистира европратениците последни да се произнесат за постигнатите промени во договорот за повлекување на Велика Британија од ЕУ,  изјавија на прес конференција претставници на различни политички групи во парламентот, пред почетокот на сесијата во Стразбур.
На утрешната сесија на ЕП предвидено е европратениците да го разгледаат прашањето за излегувањето на Велика Британија од ЕУ и да да ги изгласаат последните измени во текстот на договорот.

ЕП денеска потсети дека сака да биде последнаата инстанца во  веригата за утврдување на постигнатиот договор, доколку пред тоа биде утврден и ставот на мнозинството пратеници во британскиот Парламент, јави БТА.

ЕП е подготвен следната недела да свика вонредна сесија за да го изгласа новиот текст на договорот, иако во меѓувреме тој бил поддржан од британските пратеници.
Според претставниците на ЕП, прашањето за свикување на вонредната сесија е чисто политичко, а од организациска гледна точка нема никакви пречки текстот на договорот да се гласа пред 31 октомври.
Одлуката како ќе се дејствува се очекува да биде донесена подоцна  вечерва, на седницата на раководството на ЕП.

Слични содржини