Евровизија нема да има, но во време на пандемија сакаат да ја обединат Европа

Наместо откажаниот Евросонг, алтернативно телевизиско шоу сака да ја обедини Европа во време на пандемијата со коронавирусот, на денот кога требаше да се одржи големото финале.

Програмот „Europe Shine a Light“ според британската победничка песна во 1997 година, ќе се емитува во Европа на 16 мај во 19 часот по средноевропско време, објави Европската телевизиска унија.

Шоуто е снимено без публика и го произвела холандската телевизија која требаше да го организира и натпреварувањето. Финалето на Евровизијата беше планирано за 16 мај во Ротердам, но е откажано поради кризата со коронавирусот.

-Ги повикуваме сите телевизии кои требаше да учествуваат во натпреварувањето, членки на ЕБУ и останатите земји да го пренесат овој програм во духот на единството и заедништвото – рекол директорот на натпреварот Џон Ола Сенд.

Четириесет и еден изведувач, 40 од Европа и еден од Австралија, кои требаше да настапат во Ротердам, ќе отпеат по еден евровизиски хит, но секој од својата земја. Според ЕБУ, телевизиското шоу ќе го водат тројца холндски водители, кои требало да бидат водители на овогодинашната Евровизија.

Слични содржини