Факти по ждрепката во Лигата на шампионите

од Vladimir Zorba

Што ќе се случува во четвртфиналето на Лигата на шампионите е нејасно, но симпатизерите веќе тријат раце во пресрет на спектакуларните натпревари.

Погледнете неколку интересни факти пред натпреварите:

Реал Мадрид – Манчестер Сити

Реал Мадрид по четврти пат во последните 5 години ќе игра против Манчестер Сити.

Тоа е судир меѓу најуспешниот клуб во натпреварувањето и актуелниот шампион од минатата сезона.

Реал Мадрид има само една победа од вкупно 6 натпревари против Манчестер Сити (4 порази), примајќи просечно 1,7 голови по натпревар на турнирот. Ова е најмногу што имаат на натпреварите против екипи со кои играле најмалку 5 пати.

Арсенал – Баерн Минхен

Поминаа 14 години откако Арсенал последен пат играше во четвртфиналето на овој турнир. Во 2009-2010 испаднаа од Барселона.

Баерн Минхен во првиот натпревар ќе гостува на Островот и нема да може да има корист од поддршката на своите симпатизери. Баварците беа казнети да останат без приврзаници на својот следен натпревар на гости, откако претходно овој месец беше фрлена бакља на теренот против Лацио.

Арсенал по петти пат ќе се соочи со Баерн во нокаут фазата од Лигата на шампионите, а Баварците во секоја од претходните прилики напредуваа.

Германскиот шампион го напушти турнирот во последните три сезони во оваа фаза – во 2020-2021 година загуби од Пари Сен Жермен, една сезона подоцна од Виљареал, а во претходното издание беше елиминиран од Манчестер Сити.

Пари Сен Жермен – Барселона

Следуваат два натпревари меѓу Пари Сен Жермен и Барселона, кои ќе бидат 14 и 15 на европските турнири. На овој начин „Каталонците“ ќе станат тимот кој најчесто се соочувал со парижаните.

Француската страна беше финалист на турнирот во 2020 година и Барселона сега ќе игра во своето прво четвртфинале на турнирот од 2020 година, кога загуби со вкупни 2-8 од Баерн Минхен.

Атлетико Мадрид – Борусија Дортмунд

Трикратниот финалист на турнирот Атлетико Мадрид ќе игра против освојувачот на трофејот од 1997 година, Борусија Дортмунд.

Шпанскиот тим стигна до оваа фаза на турнирот во 2021-2022 година, но загуби со вкупен резултат 0:1 од Манчестер Сити.

Слични содржини