Филипче: Болниците се преполнети со пациенти кои се невакцинирани

од Берта Китинска

Мора граѓаните да знаат дека болниците се преполнети, од 70 до 80 проценти од пациентите се невакцинирани и тие се товарот, вели министерот за здравство Венко Филипче во емисијата „360 степени“, објаснувајќи дека и по големите реакции не се размислува да се повлече предлогот за нови мерки.

Тој објасни дека кога се донела одлуката за задолжителна вакцинација за морбили кај децата, Уставниот суд имал одлука дека над и пред се е јавното здравје и по тој основ се донела оваа одлука. Филипче, напомена  дека вакцината против ковид засега никаде не е задолжителна, но дека нашите власти ги следат меѓународните препораки.

На забелешката дека ПЦР-тестот е скап и дека ќе биде финанасиски товар за вработените, тој одговори дека вакцината е бесплатна и дека така граѓаните го штитат сопственото здравје, здравјето на сите околу нив и здравствениот систем.

-Не можеме да издржиме уште долго вака, да затвораме различни одделенија, други пациенти да трпат, да им се одложуваат операциите, а ние да се занимаваме само со ковид-19. Тоа никаде во светот не се прави. Заболуваат и луѓе кои се вакцинирани од ковид, меѓутоа имаат многу полесна форма на болеста,вели Филипче.

Слични содржини