Филипче: Над 85 отсто од починатите имале други болести, најризична група е на возраст над 60 години

од Aleksandar Petrovski

За чекањето  по неколку дена за тестирање кое го закажуваат матичните лекари министерот за здравство Венко Филипче рече дека се очекува да се надмине со брзите тестови и најави донација на 7500 кои треба да дојдат во наредните десетина дена, а исто така ќе се набавуваат и со заем од Светска банка.

Во однос на смртноста, посочи дека најголем дел, над 85 отсто од починатите, имале други болести и на возраст над 60 години и дека таа е најкритична и најризична група. Има и пациенти кои доцна доаѓаат во болница и со лоши параметри и веднаш треба да се приклучат на респираторна машина.

Слични содржини