Филипче: Немам сомнеж во вакцините, само не е етички да не им дадам предност на здравствените работници

Во своето гостување во „Топ тема“, министерот за здравство, Венко Филипче посочи дека без проблеми тече првиот ден на вакцинација во Модуларната болница во Клиничкиот центар, и истакна колку вакцини и од каде очекуваме да пристигнат во следниот период. Имено, меѓудругото, уште еднаш потврди дека вакцините се безбедни и сигурни и не треба да постои скептицизам кај граѓаните.

„Дистрибуцијата на вакцините ќе биде еднаква. Најпрво е важно да има консултација и преглед од страна на матичен лекар, и тогаш кога ќе ги имаме сите тие вакцини. Оттаму, со едни единствени препораки, граѓаните ќе можат да одберат вакцини. Доколку нема во моментот простор за избор, нема да има можност за граѓаните. Немам сомнеж во ниту една вакцина, мислам само дека не е етички да не им дадам предност на оние кои секојдневно имаат значително голем ризик за зараза од Ковид 19“, истакна Филипче.

Слични содржини