Филипче: Рано е да се каже дали веќе излечените пациенти можат повторно да заболат

од Nikola Popovski

Министерот на денешната прес-конференција изјави дека една студија од Кина покажала можна повторна инфекција со КОВИД-19, кај веќе излечените пациенти.

„Тоа се многу мал број на случаи во Кина и рано е да се каже сега. Тоа е едно генерално правило“, рече Филипче.

Тој кажа и дека денеска Државниот здравствен и санитарен инспекторат направил увид во приватната болница „Систина“ и дека е потврдена препораката дека секој тест кој се регистрира како позитивен мора да се повтори во Институтот за јавно здравје.

Во однос на лицата кои пристигнале во земјава со хуманитарните летови, Филипче изјави дека ниту едно досега не е детектирано дека има коронавирус, односно земени се брисови и сите тие се негативни.

За починатото повозрасно лице од Велес, министерот соопшти дека Државниот санитарен и здравствен инспекторат го испитува случајот, но дека веќе имаат информицаии дека можен е ист случај како тој со починатата пациентка од Охрид.

Филипче се заблагодари за денешната испратена помош од Словенечката влада и додаде дека ЕУ испратила помош во вредност од 4 милиони евра за надградување на капацитетите во опрема и материјали во борбата против коронавирусот.

 

Слични содржини