Филипче се сретна со шпанскиот премиер Санчез: „Градење партнерства со лидери кои споделуваат исти вредности“

Средбата се одржала на маргините на конференцијата во Барселона, која обединува претставници на социјалдемократските и прогресивните партии од Европа

од Nikola Popovski
42 прегледи Фото: Фејсбук/Венко Филипче

Претсеседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во рамки на конференцијата во Барселона, организирана од Партија на европски социјалисти (ПЕС), имаше кратка и пријателска средба со премиерот на Шпанија, Педро Санчез.

На средбата Филипче и Санчез разговараа за актуелните предизвици со кои се соочуваат прогресивните сили во Европа и потребата од силна соработка, солидарност и заеднички одговори во време на неизвесност.

“Ваквите контакти се важни за зајакнување на позицијата на нашата земја и за градење партнерства со лидери кои споделуваат исти вредности – социјална правда, економски развој и европска иднина”, вели Филипче во објавата на социјалните мрежи.

Средбата се одржала на маргините на конференцијата, која обединува претставници на социјалдемократските и прогресивните партии од Европа.