Филипче: Состојбата е стабилна, се намалува бројот на прием на пациенти

од Nikola Popovski

„На редовниот состанок со директорите на кликите и ковид центрите направивме евалуација на состојбата во однос на хоспитализациите за време на викендот се до денес“, објави министерот за здравство, Венко Филипче.

Според него, состојбата е стабилна и постепено се намалува бројот на прием на пациенти.

„Се надеваме дека и натаму мерките ќе даваат резултат со оглед на тоа што и бројот на новодијагностицирани се намалува, во очекување сме ситуацијата да продолжи да се стабилизира“, додаде министерот, без да потенцира, дали Комисијата за заразни болести ќе ги продолжи рестриктивните мерки, кои со претходната одлука, завршуваат утре.

Неофицијално, се очекува мерките да продолжат уште една недела, односно полицискиот час да трае од 20 од 5 часот, а угостителските објекти да останат затворени.

Слични содржини