Филипче: Во болницата во Струга доаѓаат луѓе кои се заразиле од одржаната литија

од Nikola Popovski

Министертот за здравство, Венко Филипче за отвореното студио на ТВ 24 изјави дека успешно го избегнавме случајот со Италија и со тоа е покажано дека здравствениот систем е еден од столбовите на државата.

„Епидемијата стивнува, во мирна фаза сме, имаме слободни кревети и респираторни машини, ги знаеме контактите, немаме изнедувања и можам да кажам дека ситуацијата е под контрола“, изјави Филипче.

Тој изјави дека новите случаи се од непочитување на мерките, односно дека мора да се носат маските и да се почитува дистанцата.

„Кластерите се познати. Имаме луѓе што доаѓаат во болницата во Струга со белодробен наод кој одговара на Ковид-19, а кои присуствувале на литијата во градот пред некоја недела. Имаме докажани случаи од семејни настани по десетина луѓе“, посочи Филипче.

 

Слични содржини