Филипче: Во извешајот на Лекарската комора не е забележан пропуст кај Д-р. Асани

Во своето гостување во „Утрински брифинг“, министерот за здравство Венко Филипче посочи зошто се размислува за полициски час и колкава е процентната застапеност на британскиот сој на Ковид 19 во земјава.

Исто така, во однос на тоа дека Лекарската комора не наишла на пропуст кај Д-р. Асани, кој при интервенција остави родилка без неколку органи, Филипче потврди дека не е најден пропуст во рамки на оваа интервенција.

„Да. Пристигна извештајот од лекарската комора, каде се вели дека стручниот надзор не наишол на пропуст, но оној друг дел, во делот на налогот на ДЗСИ е понатаму спроведен во обвинителството во Струга“, истакна Филипче.

Слични содржини