Финансиска полиција влегла во општина Тетово, Касами вели дека е политички притисок

од Nikola Popovski

Градоначалникот на Тетово Биљал Касами денеска обелодени дека во зградата на општината му дошла финансиска полиција. Според него, тоа е политички притисок, бидејќи како што вели, Финансиската полиција како да немала време да ги процесуира овие случаи додека на чело на општина била Теута Арифи.

-Денеска, пред да дојдам овде, ме посети Финансиската полиција под изговор за некои случаи на поранешниот градоначалник Сади Беџети, од пред неколку години. Немаа време да ги процесуираат овие случаи додека Теута Арифи беше градоначалничка, но доаѓаат сега кога Билал Касами е градоначалник на Тетово. Со сите останати проблеми што ми ги оставија во наследството, денеска ме посетува и Финансиската полиција и оценувам дека се работи за политички притисок, изјави Касами.

Беџети беше градоначалник на Тетово во периодот од 2009 до 2013 година, како кадар на ДПА.

Слични содржини