Финска испраќа три тенкови „Леопард“ во Украина

од Radmila Tasevska

Финското Министерство за одбрана денес соопшти дека во Украина ќе испрати три тенкови „Леопард 2“.

Финскиот претседател, Саули Нинисто, минатиот месец најави обезбедување воена помош за Украина, но изјави дека тенковскиот придонес на Хелсинки „нема да биде голем“.

Финска има околу 200 тенкови „Леопард 2“ од германско производство, според Ројтерс.

Вредноста на новиот фински пакет воена помош за Украина изнесува 160 милиони евра, соопшти Министерството за одбрана во Хелсинки.

Слични содржини