Физичка пресметка помеѓу пратениците во парламетот во Чешка (ВИДЕО)

Пратеник од долниот дом во парламентот во Чешка, Лубомир Волни, најпрво вербално, а потоа и физички нападнал неколкумина свои колеги.

Имено, до физичка пресметка дошло во текот на расправата за вонредната ситуацијата поради Ковид пандемијата.

Независните пратеници Лубомир Волни и Маријан Бојко го предизвикаа гневот на своите колеги уште на почетокот на седницата, откако денеска демонстративно дошле без заштитни маски, и со тоа ги прекршиле мерките на Владата, по што им се заканува казна од 400 евра.

Кога социајлдемократот Томаш Ханзел му рекол на Бојко дека мора да се срами и побарал да стави маска, излегол Волни и го навредувал Ханзел и социјалдемократите дека се од „корумпирана партија“ по што бил предупреден дека ќе му биде исклучен микрофонот.

„Тогаш ќе дојдам да ви седнам во скутот и да кажам во вашиот микрофон“, порачал Волни.

Кога во помош скокнале и другите пратеници, следувала тепачка.

На крај обезбедувањето го исфрлило Волни од салата, на барање на претседателот на Собранието Радек Вондрачек, додека полицијата се занимава со кршење на мерките на двајцата пратеници.

Слични содржини