ФОТО: Ќерката на Џони Деп доминираше во Мајами на ревија на „Шанел“

од Stefanija Kuzmanovska

Лили Роуз Деп доминираше во Мајами на ревијата на „Шанел“, на која таа е заштитно лице. Станува збор за ресорт колекцијата на познатата француска модна куќа, а убавата ќерка на Џони Деп ги носеше најлуксузните креации.

Лили Роуз е заштитно лице на познатиот парфем „Шанел 5“, а веќе неколку години се појавува во бројни кампањи за овој луксузен бренд. Така таа овој пат го украде целото внимание на присутните, а очигледно е дека многу наследила од својот познат татко.

На ревијата „Шанел Круз“ младата актерка, која не е толку популарна во Холивуд, беше облечена во плетен комплет од сива боја. Таа имаше и предизвикувачки накит околу половината, како и препознатлив модел на чевли на овој бренд.

Колекцијата „Шанел Круз“ првично беше претставена на француската ривиера, но сега е повторно прикажана на Флорида. Колекцијата е инспирирана од трките со автомобили и гламурот што ја опкружува Формула 1.

Слични содржини