Фотографија која се шири низ интернетот покажува зошто е важно да се чувате од коронавирусот

Многу земји низ светот, вклучувајќи ја и Македонија, им наложија на жителите да излегуваат што е можно помалку и да се придржуваат до сите упатства кои ги дава СЗО и министерството за здравство, со цел да се намали опасноста од заразата.

На интернет набрзо започнаа да кружат разни фотографии на кои целта им е да ги поттикнат луѓето да ги послушаат советите и да се заштитите себе си и останатите, а една таква фотографија на најдобар начин опишува зошто е важно да се чувате од коронавирусот.

Фотографијата која првенствено е објавена на Редит, прикажува чкорчиња од ќибрит наредени една до друга. Првите седум се изгорени од огнот кој се проширил од една на друга, а осмото го има спречено ширењето на огнот на останатите чкорчиња така што е отргната.

The one who stayed away saved them all from pics

„Оној кој стои настрана, ќе ги спаси останатите“, пишува во описот на фотографијата која за кратко време стана вирална и на останатите друштвени мрежи.

Слични содржини