Франција се повлече од мисијата на НАТО по инцидентот со Турција

од Vladimir Zorba

Франција го известила НАТО дека го прекинува учеството во операцијата во Средоземното Море, откако ги доби резултатите од истрагата за инцидентот меѓу турските и француските воени бродови, објави во средата официјален претставник на француското Министерство за вооружени сили.

Турскиот амбасадор во Франција, Исмаил Хаки Муса претходно соопшти на француските законодавци дека Париз се повлекува откако истрагата за инцидентот не донесе заклучок или ги потврди француските тврдења.

Односите меѓу сојузниците на НАТО Франција и Турција се влошија во последните неколку недели поради Либија, северна Сирија и бушењето во источниот Медитеран.

Франција беше особено незадоволна откако ги обвини турските воени бродови за агресивно однесување кон нејзиниот брод Курбет, откако во јуни се обиде да пребарува брод за кој се верува дека го крши ембаргото на Обединетите нации за Либија.

„Курбет“ беше активна во мисијата на НАТО „Морска стража“.

Северноатлантската алијанса ја започна истрагата, откако Французите протестираа на состанокот на министрите за одбрана во јуни.

Претставник на француското Министерство за вооружени сили рече дека писмото до НАТО во вторникот утврдува четири барања: потврдување на усогласеноста на членките на Алијансата кон ембаргото, осигурување дека НАТО сигналите не биле користени за време на националните мисии, подобра координација меѓу НАТО и мисијата на Европската унија за зајакнување на ембаргото. воспоставување механизми за избегнување на слични инциденти во иднина.

„Додека чекаме да се исполнат овие барања, решивме привремено да се повлечеме од операцијата „Морска стража“, рече официјалниот претставник.

Франција тврди дека на 10 јуни турските воени бродови трипати му сигнализирале на „Курбет“ со радари, и дека припадниците на Турската морнарица облекле панцири и носеле оружје за време на инцидентот.

Муса ги отфрла француските тврдења и вели дека францускиот брод бил агресивен, и дека бродот кој требало да биде прегледан, носел хуманитарна помош.

Слични содржини