Франција шокирана од бројот на починати од коронавирусот во последните 24 часа

од Vladimir Zorba

Во Франција од 1 март од коронавирус починале повеќе од 28.000 луѓе, од кои 483 од нив во последните 24 часа, според Министерството за здравство во неделата.

Ова се највисоките дневни бројки во последните неколку недели и се резултат на повеќе смртни случаи во домови за стари лица. Има вкупно 28.108 смртни случаи во земјата.

Генералниот директорат за здравство (ДГС) не може да го објасни ова големо зголемување, и само изјави дека дневните податоци доаѓаат од податоци на регионални здравствени агенции кои се пренесуваат до националната здравствена агенција.

Во последните неколку дена, податоците беа исправени неколку пати, што покажува потешкотии при собирањето и известувањето за податоците.

Во исто време, бројот на хоспитализации и пациенти во интензивна нега опаѓа. Бројот на пациенти во единицата за интензивна нега е клучен показател за епидемијата и тој продолжува да опаѓа – тренд што започна во последните неколку недели.

Слични содржини