Франција со 100.000 смртни случаи од коронавирус

од Vladimir Zorba

Франција денес го помина прагот од 100.000 смртни случаи од коронавирус од почетокот на епидемијата.

Земјата се приклучи на другите европски земји во кои има повеќе од 100.000 мртви, имено Велика Британија (127.000) и Италија (115.000).

„Новиот бран на епидемијата сè уште не е зад нас и пред нас се многу тешки денови“, изјави портпаролот на француската влада Габриел Атал.

Во Франција, во сила се мерки против епидемијата. Рестораните, баровите, спортските сали и културни згради се затворени.

Исто така се препорачува работа од дома.

Слични содржини