Франција: Суспендирани околу 3.000 невакцинирани здравствени работници

од Vladimir Zorba

Околу 3.000 здравствени работници кои не биле вакцинирани против „Ковид-19“ се суспендирани во Франција, изјави денеска министерот за здравство Оливие Веран, еден ден откако земјата ја задолжи вакцинацијата за сите здравствени работници и работници во домови за стари и изнемоштени лица.

Владата на претседателот Емануел Макрон воведе правило за зголемување на употребата на вакцини и спречување на нов бран на инфекција на есен, што може да го загрози економското закрепнување на Франција.

„Повеќето суспензии се само привремени – многу од нив одлучија да се вакцинираат бидејќи гледаат дека обврската за вакцинација е реалност“, рече Веран за француското радио РТЛ.

Според локалниот весник „Ница Матин“, речиси 450 здравствени работници биле суспендирани во болница во градот Ница, на југот на Франција.

Слични содржини