Француски министер: Парламентарните избори се демократски шок

од Stefanija Kuzmanovska

Францускиот министер за финансии Бруно Ле Мер изјави за телевизијата Франс 2 дека резултатите од изборите во недела се „демократски шок“, но додаде дека стравувањата дека тој повеќе нема да може да управува со земјата се неосновани.

Ле Мер истакна дека партијата на претседателот Емануел Макрон ќе задржи најмногу места во парламентот, додавајќи дека е клучно да се свртат кон политичките ривали кои ги делат идеите на Макрон.

„Она што ме загрижува е дека државата може да биде блокирана, што може да предизвика да ја изгубиме способноста да спроведеме реформи и да го заштитиме францускиот народ, особено во однос на куповната моќ“, додаде Ле Мер.

Републиканците (Les Republicains) се веројатно партнери кон кои Макрон би можел да се обрати за да формира владејачка коалиција. Тој, исто така, може да се обиде да води малцинска влада која треба да преговара за законите со другите партии од случај до случај.

Кристијан Јакоб, лидер на француската конзервативна партија Les Republicains, во неделата, сепак, рече дека неговата партија ќе остане во опозиција откако претседателот Емануел Макрон го загуби апсолутното мнозинство во парламентот.

Слични содржини