Французинките на светската ја додадоа и европската ракометна круна

од desk2

Французинките на домашен терен, во финалето на Европското првенство, ја совладаа репрезентацијата на Русија со 24:21.

Дуелот во Париз се очекуваше да биде изедначен, а домашните ракометарки успеаја на одмор да заминат со минимална предност, за на почетокот на второто полувреме да се одлепат на +3.

Франција успеа до крајот на натпреварот да одржи разлика од три гола, без оглед на тоа што една од најискусните ракометарки Алисон Пино беше исклучена во 36 минута.

Најефикасна кај победничките беше Александра Лакрабер со шест пгодоци, два повече од Естел Нзе Минко. Кај Русинките се истакна Ана Вјахирева со седум, а пет додаде Дарја Дмитријева.

Французинките за прв пат се европски шампионки, а со тоа ја додадоа европската на светската титула, што ја освоија лани.

 

Слични содржини