Фридом хаус: С. Македонија единствена што бележи демократски напредок од Западен Балкан

од Nikola Popovski

Демократијата опадна во поголемиот дел од Западен Балкан во текот на изминатата година, со интензивирање на нападите врз демократијата низ цела Европа и Евроазија, наведува „Фридом Хаус“, невладина организација, во извештајот „Земји во транзиција“.

Во Албанија, Црна Гора, Косово и Србија имало пад во оценките за демократијата, додека напредок е постигнат само во С. Македонија и до некаде и во БиХ, стои во извештајот на невладината организација со седиште во САД.

Според извештајот на Фридом Хаус, С. Македонија постигна напредок во демократскиот резултат од 3,75 на 3,82, со подобрувања во областите на националното демократско управување и Изборниот процес. Нашата земја има најдобра оценка во областа на граѓанското општество (4,75), а најлошата во областите на судската рамка и независноста и корупцијата (3,25).

Сепак, нашата земја останува во групата на преодни или хибридни режими во кои уште се Босна и Херцеговина, Грузија, Унгарија, Косово, Црна Гора, Молдавија, Србија и Украина. Земјите кои се преодни или хибридни режими се типично изборни демократии каде демократските институции се кревки и постојат значителни предизвици за заштита на политичките права и граѓанските слободи.

Слични содржини