Фрлиле молотови коктели во казино, внатре имало полицајци

од Nikola Popovski

Полицијата во Тетово соопшти дека привела двајца мажи, жители на Тетово под сомнение дека ја запалиле со молотови коктели локалната обложувалница- казино.

-Денеска (18.3.2022) во 7:10 часот, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 30-годишниот тетовец А.К. поради сомнение дека заедно со тетовецот Н.Л.(34) околу 5:00 часот фрлиле шишиња со запалива течност во спортска обложувалница-казино на улица Илинденска во Тетово и предизвикале пожар. Притоа, со повреди се здобиле двајца полициски службеници кои во објектот презеле службени дејствија во врска со друг, претходно пријавен настан, соопштија од МВР.

Според нив, А.К. е задржан во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот и против инволвираните ќе следуваат соодветни поднесоци.

Слични содржини