Фудбалер на Сити со денови е пијан, неговите ВИДЕА се хит на интернет

од Stefanija Kuzmanovska

Манчестер Сити викендов во Истанбул го победи Интер со 1:0 и за прв пат во историјата ја освои Лигата на шампионите. Потоа следуваше големо славје на англискиот тим кој зад себе ја има тројната круна.

А особено се „истакна“ Џек Грилиш, англискиот репрезентативец кој е познат по љубовта кон забавите.

Грилиш почна да пие алкохол веќе во соблекувалната по натпреварот. После тоа имаше денови кога фудбалерот на Сити не го одвојуваше од шишето.

Вчера клубот со дефиле во Манчестер ја прослави тројната круна, а Англичанецот го „украде шоуто“. На социјалните мрежи се споделуваат видеа од неговото пијанство, а очигледно е дека соиграчите морале да го држат за да не падне.

Слични содржини