Ако се прашувате како би изгледале куќите на иднината, тогаш ние имаме одговор за вас. Можеби една од првите такви е дело на две англиски компании – NC Homes и Huntsmere.ace196e50df7b1c88217e5fb7bba19d7

Нивната зграда цели кон идејата да се намали негативното влијание врз животната средина.

Затоа имотот е изграден под земја и припаѓа на категориите “подземни живеалишта” и “куќи со мало влијание”. На овој начин за изградба на зградата се зазема помалку зелена површина.

Луксузната еко куќа се нарекува “Perdu” и се наоѓа во Боуден, Англија. Таа има кружна форма и на нејзината територија се наоѓаат три спални.

Иако живеалиштето е подземно, во него има доволно светлина, благодарение на стаклениот круг во средината на “покривот”.

Други еколошки предности на имотот се дека има систем за размена на топлина и топла вода која се грее со помош на соларни цевки.

Има изградено и место за собирање на дождовница. Освен тоа живеалиштето располага и со подземен базен.

Во нашата галерија може да го разгледате луксузниот еко-имот, кој чини само 3,7 милиони долари.

Слични содржини