Се прашувате ли како би изгледала современата оаза во пустината? Еден од можните одговори на ова прашање сигурно е хотелот Alila Jabal Akhdar Resort кој се наоѓа во срцето на Џебел Акдар во Оман.fcd7922599a23b56a9887fb4c9093fd4

Тој е “изолиран” на повеќе од 2000 метри надморска височина во планината Ал Хаџар и оддалечен на 150 километри од главниот град и најголем град во Оман -Маскат.

Луксузниот ризорт е лоциран на врвот на карпа и нуди импозантна глетка кон околниот пејзаж. Тој е дизајниран од страна на британска компанија, но за неговата изградба се користени традиционални градежни техники, помешани со модерна архитектура.

Големиот инфинити базен е меѓу најголемите луксузи на Оманскиот хотел кој располага со 78 соби, апартмани и вили за сместување. Вторите се распределени околу врвот на карпата и нудат најголема неприкосновеност.

Објектите во рамките на ризортот вклучуваат бар, спа центар, загреани базени (внатрешни и надворешни) и фитнес сала. Во близина на Alila Jabal Akhdar Resort се наоѓаат неколку мали села, до кои брзо се стигнува со автомобил.

Гостите на хотелот имаат можност и да шетаат по специјални патеки, да разгледуваат пештери, напуштени села и овошни фарми во околината.

Во нашата галерија може да најдете повеќе фотографии од оазата во Оманската пустина.

Фото: Alila Hotels and Resort