(ГАЛЕРИЈА) Втор ден од целосната забрана за движење

од Vladimir Zorba

Во земјава денеска е втор ден од целосната забрана за движење во текот на викендот, што започна во петокот во 16 часот и ќе трае до утре до 5 часот.

Вообичаена слика за главниот град во последниот период – празни улици, невообичаена тишина – како град на духови.

Од забраната се изземени полицијата, армијата, здравствените работници, а таа не важи и за маркетите и рестораните кои се доставувачи на производи, како и за аптеките кои работат непречено.

Во изминатите 24 часа се регистрирани 68 нови случаи на Ковид-19, со што бројот на заразени со коронавирус во земјава се зголеми на 828 лица.

Скопје
Скопје
Скопје
Скопје
Скопје
Скопје
Скопје
Скопје
Скопје
Скопје

Слични содржини