Гарет на Твитер: Какви се овие вести за помилување на изборни измами?

од Vladimir Zorba

Британскиот амбасадор во Македонија, Чарлс Гарет пред неколку часа на социјалната мрежа Твитер праша : „Какви се овие вести за помилување на изборни измами?“, како реакција на вчерашната одлука на Уставниот суд да прифати да ја разгледува иницијативата за измени на Законот за помилување, со која повторно му се дава право на претседателот на државата да помилува лица осудени за изборни нерегуларности.

27514golema

Иницијативата за амнестирање на лица инволвирани во изборни нерегуларности е покрената од младиот охридски адвокат Ристо Китески, кој работи во адвокатска канцеларија на бранител на осомничени лица во случајот „Титаник“.
Петмина уставни судии гласаа „за“, а четири „против“.

Постапката на Уставниот суд беше причина стотици граѓани да излезат на протест пред зградата на Судот, кои порачаа дека Судот со ова станал сојузник на изборните измами.

loading...

Слични содржини