Газа: 7 болници и 21 здравствен дом не работат, загинаа 64 медицински работници

од Radmila Tasevska

Во Појасот Газа седум болници и 21 здравствен центар за примарната здравствена заштита „не се во функција“, а 64 членови на медицинскиот персонал загинаа во израелските воздушни напади, изјави денес портпаролот на палестинското Министерство за здравство, Ашраф ел Кидра.

Ел Кидра изјавил дека се уништени и 23 амбулантни возила, пренесе Си-Ен-Ен, наведувајќи дека не може самостојно да го потврди бројот.

Канцеларијата на Обединетите нации за координација на хуманитарни прашања во четвртокот објави дека повеќе од 60 отсто од примарните здравствени установи во Газа се затворени, а болниците се на работ на колапс поради недостаток на електрична енергија, лекови, опрема и специјализиран персонал.

Слични содржини