Георгиевски: Она што му се прави на Гарванлиев се вика шовинизам!

Откако Васил Гарванлиев во изминатите неколку дена е тема број еден во македонската јавност, многумина дури и од функционерите се обидоа да заземат страна.

Оттаму, и лидерот на ВМРО НП и екс македонски премиер, Љубчо Георгиевски се огласи на социјалните мрежи, и потенцираше дека третманот кој го добива македонскиот претставник на изборот за песна на Евровизија, веќе оддамна има своја деифиниција и се нарекува, шовинизам.

„Она што деновиве одредени групи од македонскиот народ му го прават на пејачот Васил Гарванлиев, одамна во општествените науки има своја дефиниција и се вика ШОВИНИЗАМ“, се вели во фејсбук објавата на Георгиевски.

Инаку, за потсетување Гарванлиев најпрво ја налути македонската јавност со спорниот миг од дело во Даут Пашим Амам, кој наликуваше бугарското знаме во видео записот, а потоа и за контроверзното интервју, кое Васил тврди дека е дадено пред една година, а во кое вели дека има две државјанства, македонското и бугарското.

Последно во низта обвинувања се најде неговата алка, која при видео форматот преку кој Гарванлиев се обиде да и се извини на јавноста, беше јасно видлива, а како што велат била во боите на бугарското знаме. Во меѓувреме, се собира и петиција, за тоа тој да не ја претставува нашата земја на Евровизија.

Слични содржини