Германија се откажува од строгиот локдаун за време на Велигденските празници

Канцеларката Ангела Меркел вели дека планот за затворањето на Велигден е нејзина лична грешка и дека … грешките треба да се нарекуваат со нивното вистинско име.

Германската канцеларка Ангела Меркел во средата ги смени плановите за воведување строга „блокада“ во земјата за време на Велигден, по критичните реакции, опишувајќи ја одлуката за затворање на цркви и продавници во рок од пет дена како грешка.

Обраќајќи се на јавноста на прес-конференција, таа рече дека планот за велигденското „заклучување“ е нејзина лична грешка и дека „грешките треба да се нарекуваат според нивното вистинско име“, пренесува Фена, повикувајќи се на Гардијан.

Меркел рече дека жали што нејзиниот предлог предизвика дополнителна неизвесност и побара прошка од германската јавност, чија растечка фрустрација поради владините одлуки и бавното воведување на вакцини се заканува да го наруши угледот на нејзината партија пред националните избори во септември.

Критика на најавените мерки
По напнатиот состанок меѓу канцеларката и шефовите на 16 германски држави во понеделникот, Меркел најави продолжување на делумното „заклучување“ до 18 април, како и заострување на ограничувањата од 1 до 5 април, со цел „стопирање на експоненцијалното раст на третиот бран “.

Предлозите веднаш беа доведени во прашање од епидемиолозите, деловните здруженија и членовите на политичкиот блок на Меркел.

Според планираното заклучување на Велигден, сите продавници и деловни активности треба да бидат затворени пет дена по ред, додека продавниците за храна би биле накратко отворени на Велика сабота, иако многумина стравуваат дека тоа може да доведе до брзо ширење на инфекцијата во редовите на супермаркетите.

Слични содржини