„Ги искрши сите трофеи поради мојата сцена во Пријатели“: Актерка откри шокантни детали од бракот

од Stefanija Kuzmanovska

Познатата актерка Брук Шилдс се појави во епизода од хит серијата „Пријатели“. Таа ја играше Ерика, девојката која го прогонува Џои, кој го играше Мет Лебланк.

Во една сцена Џои и Ерика се во ресторан, а таа се однесува многу необично и почнува да му ги лиже прстите.

„Во таа сцена, требаше да ги излижам прстите на Џои, бидејќи тие се раце на генијалец и сакам да ги изедам, а јас сум луда“, изјави таа подоцна за The New Yorker.

За време на снимањето на споменатата сцена, во публиката бил тогашниот сопруг на Шилдс, тенисерот Андре Агаси. Како што објаснила актерката, оваа сцена го разбеснила, а тој истрчал надвор.

„Ги искршил сите трофеи кога се вратил дома“, му откри Брук на споменатиот медиум.

Таа додаде дека дури подоцна дознала дека Агаси во тоа време бил зависен од кристален мет. Двајцата беа во брак од 1997 до 1999 година, а беа во врска од 1993 година.

Слични содржини